Enjoy The Music !
Александар Ордев е македонски продуцент кој темелно ги познава модуларните аналогни синтисајзери и е креативен со неверојатна прецизност и стил. Неговото знаење и креативност се фасцинантни и за тоа ќе станете свесни откако ќе го слушнете овој албум. „Modular Sessions“ не е само албум, туку патување во светот на звуците и емоциите. Александар не само што создава експериментална електронска музика, тој прави и модулари, а со тоа ни дава до знаење дека има целосна контрола врз електричниот напон и неговата креативна насока. Албумот „Модуларни сесии“ е составен од 12 магични композиции на експериментална електронска музика. Секоја композиција е совршено избалансирана со експериментални ритми, прекрасни текстурални елементи, мелодични линии, длабоки баси и заводливи подлоги.. Едноставно кажано, „душата на модуларите“.
Superb album! Thanks a lot
– LAURENT GARNIER